Утрински Весник
Македонија

МНР: Поради трагедијата во Тетово, откажани сите приеми и настани во амбасадите

МНР: Поради трагедијата во Тетово, откажани сите приеми и настани во амбасадите

Министерството за надворешни работи ја известува јавноста дека согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид-центар во болницата во Тетово, во сите амбасади и мисии во странство ги спушти знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.

Во исто време, информираме дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба