Утрински Весник
Македонија

МНР и МО за изјавата на Захарова: Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно

Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност, стои во заедничката изјава на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на изјавата на портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

„Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓунаордниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција“, е потенцирано во пишаната информација.

„Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации“, нагласуваат од овие институции.

Од друга страна утрово во медиумите беше пренесена изјава на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која кажала дека „Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Северна Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72“.

„И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна” донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО, Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија“, кажала Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.

Можете да прочитате

Се подготвува смена на Гаши од функцијата претседател на Собрание?

Пораки на револт осамнаа во Скопје, 100 дена од трагедијата во Кочани

Пораки на револт осамнаа во Скопје, 100 дена од трагедијата во Кочани