Утрински Весник
Спорт

Многу фудбалери ќе се приклучат на Бејл и Златан во борбата против ФИФА 21?

Многу фудбалери ќе се приклучат на Бејл и Златан во борбата против ФИФА 21?

Голем број на професионални фудбалери се подготвени да се приклучат на Златан Ибрахимовиќ и Герет Бејл во протестот против користењето на нивните ликови во . играта ФИФА 21 на „ЕА спортс“, тврди „Атлетик“.

Двајцата фудбалери, заедно со агентот на Ибрахимовиќ, Мино Рајола, преку Твитер ги повикаа „ЕА спортс“ и организацијата на фудбалери ФИФПро да реагираат за користењето на нивните ликови во . играта, сметајќи дека тоа не го дозволиле. Сепак, во „ЕА спортс“ сметаат дека со договорите кои ги иамаат со нивните клубови, Милан и Тотенхем, се добиваат и правата за фудбалерите, стадионите и дресовите.

Иако не постои идеа за кампања за борба против „ЕА спортс“, се верува дека многу фудбалери охрабрени со потегот на двете фудбалски ѕвезди ќе се јават јавно против американската компанија. Другите извори пак, велат дека се работи за борба за влијание пред состанокот на ФИФПро во јануари, кога ќе се одлучува за реформа на правилата на фудбалските агенти и користењето на ликовите на фудбалерите.

Иронично, една друга поранешна фудбалска ѕвезда, Дејвид Бекам, неодамна по 23 години се „смири“ со „ЕА спортс“ потпишувајќи богат договор за користење на неговиот лик во играта.

Ибра контра ФИФА 21: Кој сака да заработи пари на мене?

> Многу фудбалери ќе се приклучат на Бејл и Златан во борбата против ФИФА 21? <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила