Утрински Весник
Економија

ММФ ќе им помага на државите засегнати од евентуален конфликт меѓу Русија и Украина

ММФ ќе им помага на државите засегнати од евентуален конфликт меѓу Русија и Украина

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) информираше дека е подготвен да им помогне на државите кои можат на некој начин да бидат погодени од евентуален конфлик меѓу Русија и Украина и од санкциите наметнати од страна на западните влади.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во интервју за „Вашингтон пост лајв“ истакна дека санкциите ќе нарушат некои финансиски операции и функционирањето на финансискиот систем, особено ако Русија е исклучена од мрежата на финансиски трансакции СВИФТ.

„Доколку се најдеме во ситуација да има несакани ефекти кои бараат поголем ангажман од ММФ за другите земји, ќе бидеме таму“, посочи Георгиева, додавајќи дека ММФ се’ уште има капацитет да позајми околу 700 милијарди долари.

 

Можете да прочитате

Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% НА 10% – задолжително усогласување на фискалните системи!

Стабилизирани цените на горивата – 24info.mk

Дизелот поскапува, бензинот останува ист – нова одлука на РКЕ