Утрински Весник
Економија

ММФ позитивно одговорил на барањето на земјава за одобрување на Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра

Долгот на Италија е голем ризик за економијата на земјите од еврозоната

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19.

Информацијата според која  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот, Владата ја усвоила на денешната седница.

Притоа , Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Владата има пари за авион, а нема за плати!

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје