Утрински Весник
Економија

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката

Непрекинатото навремено објавување квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на Kовид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај корона-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на највисоките и најнови меѓународни стандарди.

Ова се дел од оцените изнесени на состанокот на тимовите на Народната банка и Министерството за финансии со тимот на одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на годишните средби на ММФ и Светската банка.

На состанокот се разговараше за досегашните заеднички проекти и за активностите што се планираат за следниот период. Особено беше истакнат остварениот напредок, вклучително и преку достигнувањето од страна на Народната банка на највисокиот глобален статистички стандард за дисеминација на податоци – СДДС плус. Притоа, одделно беше посочено на залагањата на Народната банка, која овој месец почна со редовно објавување и нови подетаљни податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност, а до крајот на годината се планира и прва објава на нови податоци за финансиските сметки во согласност со најновите стандарди.

Соработката меѓу експертските тимови на ММФ и Народната банка беше оценета како одлична, што е основа и за повеќе заеднички проекти во натамошниот период.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Македонската економија тоне, Мицкоски фантазира за четврта економија во Европа

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“