Утрински Весник
Свет

Млад вооружен човек тргнал кон Белата куќа, а меѓу неговите мети биле Бајден и Цукенберг

Млад вооружен човек тргнал кон Белата куќа, а меѓу неговите мети биле Бајден и Цукенберг

Вооружен маж е приведен на пат кон Белата куќа, каде планирал да убие неколку луѓе на високи позиции, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, објави Лос Анџелес Тајмс.

Меѓу другите „мети“ беа и главниот советник за здравство во Белата куќа, Ентони Фаучи, поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон како и Марк Цукерберг.

Судските документи покажуваат дека Куачуа Брилион Зионг (25) го започнал патувањето од Сакраменто, Калифорнија, а полицијата го запрела на 21 декември поради агресивно возење. За време на разговорите со полицијата, тој признал дека се упатувал кон Вашингтон за да се „бори против злите демони во Белата куќа“.

Тој рече дека работел во самопослуга додека „Господ не го повикал“ и се пожалил на работата на агенциите за спроведување на законот за наводно „злоставување деца“ за време на мандатот на Џо Бајден.

Полицијата во автомобилот на уапсениот пронашла автоматско оружје „АР-15“, муниција, панцири, патрони и прибор за прва помош.

Според судските документи, Зионг тврдел дека тој е „единствениот човек кој може да ги ослободи САД од злото“ и дека е неопходно да се убијат оние што се на власт.

Тој рече дека ќе направи се што е потребно за да ја заврши својата мисија и ќе се упати во Белата куќа веднаш штом ќе биде ослободен од притвор.

Сионг е обвинет за заканување.

Инцидентот не е прв планиран напад врз Бајден. Во мај, полицијата го уапси Џон Торнтон (39) од Ново Мексико, кој се закани дека ќе оди во Вашингтон за да ги „убие демократите“, работниците во компјутерската компанија и некои членови на неговото семејство.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот