Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Младите лица се најчесто носители, имаат многу полесна клиничка слика и нивниот организам може лесно да се избори со некакви други заболувања кои го прави во организмот вирусот Ковид 19, појасни епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски на денешната информативна видеосесија во Владата.
– Протоколот за лекување на ова заболување е стандардизиран секаде во светот. Оние лица кои имаат полесна клиничка слика, имаат супортивна терапија и имаат терапија што се вика до оној момент додека не се развие некоја билатерална пневмонија при што организмот може да одговори со сопствени капацитети да дише. Оној момент кога организмот ќе крахира и нема да дише со сопствени бели дробови му се дава поддршка со машини за респирација, појаснува Караџовски.
Како што дополни, младите полесно го препродуваат заболувањето, а возрасната категорија на лица преку 60 и 65 години, а во светот некаде и од 70 до 80 години, многу потешко заради тоа што голем дел од нив имаат коморбидитет.
Одговарајќи на новинарско прашање, потенцираше дека воопшто не е анализирано прашањето што се коментираше во јавноста граѓаните кои имаат викендици и станови во Охрид да не доаѓаат во тој град за претстојниот празник.
-Затворање во своето гето односно затворање за другите жители во државата не е коректно. Тие луѓе плаќаат даноци во општината, градоначалникот собира пари од даноците, општината добива помош од државата, заштитни средства па затворање па на локално ниво или создавање на т.н. виргинални подрачја во кои што ќе нема ниту влез ниту излез на други граѓани се со цел да се заштитиме ние. Не е хумано, не е коректно не е епидемиолошки зидржано. Сметајте дека во целата држава има Ковид за да спиете полесно и денес и утре, порача Караџовски.мс/лв/