Утрински Весник
Магазин

Младинската организација „AIESEC“ регрутира нови членови

Младинската организација „AIESEC“ регрутира нови членови
Ss2

Младинската невладина и глобална организација AIESEC во моментов врши регрутација на нови членови и ги повикува сите млади кои сакаат да волонтираат и станат дел од организацијата која брои над 70 илјади активни членови, а е присутна во над 114 земји во светот.

„Како организација, главниот фокус го ставаме во развивање на лидерскиот потенцијал кај младите, при што нудиме можности за развивање на персонални и професионални вештини преку практично искуство во различни области и преку интернационални размени“ велат од AIESEC.

300x250 (7)

Од младинската организација посочуваат дека придобивките да се биде член во AIESEC се развивање комуникациски вештини, работење во тим, лидерско искуство, проектен менаџмент и многу други меки и тврди вештини.

Заинтересираните можат да дознаат повеќе информации и да се пријават на овој линк.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија