Утрински Весник
Македонија

Мијалков го подигна решението за домашен притвор

Мијалков го подигна решението за домашен притвор

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во Обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

Пред два дена како резултат на оперативни сознанија, кои укажуваа на можност од бегство, по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24-часовен видео и аудионадзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“