Утрински Весник
Магазин

Мишел Фајфер сподели фотографија од времето кога беше млада мајка

Мишел Фајфер сподели фотографија од времето кога беше млада мајка

Таа неодамна го претстави првиот трејлер за нејзиниот следен филм.

А во четвртокот, Мишел Фајфер продолжи да го дополнува својот профил на Инстаграм, овој пат со прекрасна троубек-фотографија од времето кога била млада мајка.

Sвездата на „Вештерките од Иствик“, која сега има 62 година, на фотографијата е облечена во бела кошула, и нејзиното новороденче е потпрено на градите.

„Блажена исцрпеност,“ напиша таа во описот на објавата и го додаде хаштагот враќање во минатото.

Фајфер е мајка на две деца, ќерката Клаудија Роуз на возраст од 27 години и синот Џон Хенри, кој има 26 години.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Албанска водителка го украде вниманието пред Лигата на шампионите

Град што не постои на Google Maps: Тајно засолниште на богаташите за кое малку се знае

Дневен хороскоп за 09 април 2026