Утрински Весник
Свет

Мишел: Ситуацијата во Европа е алармантна

Мишел: Ситуацијата во Европа е алармантна

Ситуацијата во Европа, каде што се зголемува бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус, е многу сериозна и алармантна, рече претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

Според него, ЕУ мора да биде поефикасна кога станува збор за тестирање, следење на пациенти, вакцини и правила за карантин.

„Потребна ни е многу поголема ефикасност во пресретнувањето на вирусот пред граѓаните да се заразат едни со други. Потребно ни е планирање, во спротивно ќе имаме системско затворање низ целиот континент во следните месеци”, изјави Мишел за италијанска „Ла Стампа“.

Тој додаде дека е неопходна и координација меѓу државите за да се ограничат негативните економски и социјални ефекти од пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Мишел заклучи дека ЕУ мора да биде подготвена кога ќе дојдат вакцините. „Нема да биде лесно да се спроведе таа фаза“, рече Мишел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 200 загинати во поплавите во Шпанија

Поранешен фудбалер на Валенсија го загуби животот во поплавите во Шпанија

Се урна дел од Железничката станица во Нови Сад – има повредени