Утрински Весник
Магазин

Мишел Обама: Почестена сум да бидам потретирана од Виола Дејвис

Мишел Обама: Почестена сум да бидам потретирана од Виола Дејвис
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешната прва дама на САД неодамна ја промовираше својата кулинарска емисија Waffles + Mochi на „Нетфликс“, каде што проговори за еден друг проект.

Минатиот февруари, само неколку недели пред пандемијата на Ковид-19, „Шоутајм“ објави дека оскаровката Виола Дејвис ќе ја толкува Мишел Обама во серијата „Првата дама“ .

Иако сè уште е нејасно кога ќе дебитира шоуто, Мишел во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ вели дека се чувствува недостојна Дејвис да ја портретира.

„Виола Дејвис е најдобра! Чувствувам дека не сум достојна“, рече поранешната првата дама во текот на интервјуто.

„Би сакала да бидам исто толку добра како ликот што Виола мора да го глуми, тоа е многу возбудливо“, додаде Обама.

„Што и да прави Виола, тоа го прави со страст и голема енергија, и знам дека нема да стори ништо помалку за оваа улога “, заклучи таа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година