Утрински Весник
Свет

Мицотакис: Време е ЕУ да ги преземе обврските кон регионот

Мицотакис: Време е ЕУ да ги преземе обврските кон регионот

Сега е време за јасни обврски кон регионот, изјави денеска во Љубљана грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Мицотакис, кој пристигна во Словенија за да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан, рече дека собирот ќе биде можност да се разговара за изгледите за пристапување на регионот во Унијата.

„Ако ЕУ не е присутна во овој регион, нема сомнение дека другите ќе побрзаат да ја пополнат таа празнина“, рече Мицотакис.

Тој, исто така, се осврна на, како што рече, „потребата да се забрза дебатата за стратешката автономија на Европа“.

„Конечно, Европа мора да биде во состојба барем да започне да се движи кон усогласување на својата економска со геополитичката моќ. Се надевам дека ќе имаме можност да разговараме за ова темелно”, рече Мицотакис.

Можете да прочитате

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози

Одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната „не е позитивен“

Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански државјани