Утрински Весник
Магазин

(Видео) Адел навестува нова музика

(Видео) Адел навестува нова музика
300x250 (7)

Со видеоспот за песната Easy On Me британската пејачка Адел ја најави својата прва нова музика од 2015 година, кога освои Греми-награда за албумот „25“.

Позната по баладите на врвот на топ-листите како Hello и Someone Like You, Адел во вторникот сподели црно-бело видео на своите страници на Твитер и Инстаграм, а во објавата напиша: „Easy On Me – 15 октомври“.

Ss1

Видеото ја прикажува пејачката во автомобил, како става лента во касетофон, го проверува ретровизорот, ја зголемува јачината на звукот, а потоа си заминува со возило со спакувани работи.

Тивка клавирска музика свири во позадина додека листови музички ноти летаат низ прозорецот.

Адел го објави „25“ во ноември 2015 година. Тој беше на врвот на топ-листите низ целиот свет и ја доби посакуваниот трофеј за албум на годината на Греми- наградите.

Во текот на последните неколку дена нејзините фанови на интернет шпекулираа дека 33-годишната ѕвезда треба да објави нова музика, откако бројот „30“ мистериозно осамна на зградите ширум светот.

Адел алудираше на нејзината возраст за време на пишувањето и продукцијата кога ги именуваше нејзините претходни три албуми, „19“, „2“ и „25“.

Ss1

Можете да прочитате

Еве како да добиете интензивна зелена боја без капка хемикалии!

Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години

Праските ја штитат кожата и помагаат при слабеење