Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени

Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени

Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени како сега од оваа најнеспособна, најнеодговорна и најкорумпирана власт во Европа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитка по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

„Оваа година работникот и неговиот труд како никогаш досега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија. За една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија“, вели лидерот на опозицијата.

Мицкоски оценува дека сликата со правата на работниците и нивниот стандард никогаш не била потажна и поцрна, а владините мерки биле необмислени или задоцнети, па наместо конкретна помош се претвориле во обична маркетинг шминка.

„Наместо ветуваните над милијарда евра помош, кај стопанството и кај работниците завршија само трошки. Токму затоа имаме состојба во која кај елитата на празничните трпези ќе има златни лажици, а кај најголемиот дел од народот живот на вересија. Затоа кај истата таа елита гледаме скапи мотори и хациенди, а кај огромно мнозинство на граѓаните грижи како да ги платат сметките, како да ги вратат кредитите и како да врзат крај со крај во месецот“, вели Мицкоски.

 

 

Можете да прочитате

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри