Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: После подолго време да слушнам нешто разумно од Пендаровски, граѓаните да одлучат на референдум за иднината на Македонија

Морам да признам дека после подолго време за прв пат можеби сме на иста бранова должина со Пендаровски, во таа насока и јас размислувам да излезам со формулација на прашањето пред Извршниот комитет, но и пред граѓаните. Но и очекувам Пендаровски потоа да ги повика и останатите политички партии во Македонија доколку таа биде суштината на прашањето и да излезат на референдум, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кавадарци, одговарајќи на прашање за изјавата на Пендаровски околу формулирање на прашањето за референдум.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски додаде дека тој е пријатно изненаден од ставот на Пендаровски бидејќи е позитивен за референдумското изјаснување. А, референдумот претставува највисок чин на демократијата во една држава.

„ Граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина. Европската иднина и желбата на граѓаните, но и на политичките субјекти никогаш не било под знак прашање и немало дилема, туку само патот. Е, сега за жал оваа криминална Влада за да практично добие условно амнестија од меѓународната заедница за криминалот кој што го прави, нема проблем да распродава и да удоволува на определени бирократи во нивните барања. Но, мислам дека се движиме во правилна насока и еве ова што го кажа и Пендаровски во таа насока да дадеме на граѓаните можност да одлучат каква да биде нивната европска иднина, дали ваква каква што ја нуди власта на СДСМ и ДУИ, или горда и достоинствена“, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе имаме вин-вин решение

Власта ги излажа студентите, СДСМ бара зголемување на 160 денари за студентски оброк

Тошковски: Поднесовме огромен број пријави против поранешни министри и функционери, не гледам дека ЈО постапува по нив