Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“

Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“
Img 7972

Коментирајќи ги пресудите за случајот со лажните пасоши лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагираше преку социјалните мрежи.

„Кога ја објавив аферата „Мафија“, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа , напиша Мицкоски на Фејсбук.

Кога ја објавив аферата мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 05 мај 2021

„Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската ‘Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници требаат да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта“, стои во напишаното од Мицкоски.

„Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

МНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана

Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата