Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Непринципиелни и неприфатливи се барањата за идентитетски, јазични и историски промени

Мицкоски: Непринципиелни и неприфатливи се барањата за идентитетски, јазични и историски промени
Dik 300x250 mk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со министерката за Европа и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер. На средбата, Мицкоски ја истакна благодарноста кон Република Австрија која ја дава на Македонија за континуираната, искрена и недвосмислена поддршка во изминатите години, истакнувајќи дека од особено значење е јасната поддршка на евроинтеграциите на Македонија, како стратешки приоритет и на Европската Унија и на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, особено во овие турбулентни времиња за Европа, останува цврсто на европскиот пат и се залага преговорите со ЕУ да започнат веднаш и без одлагања, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека непринципиелни и неприфатливи се барањата за идентитетски, јазични и историски промени, посочувајќи дека почетокот на преговорите треба да се базира на исполнување на европските вредности.

Непринципиелните барања за идентитетски, јазични и историски промени се неприфатливи во 21 век. Преговорите и пристапувањето кон ЕУ треба да се базира на исполнување на европските вредности и критериуми, рече тој.

Впрочем, Мицкоски ја потенцираше и, како што рече, нелегитимноста на Владата и неисполувањето на основните барања на граѓаните, што го покажуваат и мерењата на јавното мислење.

Неуспесите во борбата со криминалот, корупцијата, економските потфрлања, јасно покажуваат дека оваа влада ја нема поддршката на граѓаните, порача претседателот Мицкоски.

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи