Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со хрватската амбасадорка: „Власта не знае како да се справи со пандемијата“

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата предизвикана од Ковид-19.

„Власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот. Владата предводена од СДСМ нема способност ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок“, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.

Мицкоски нагласил и дека во земјава е нарушено владеењето на правото, се злоупотребува европското знаменце, како на пример за законот за марихуана, додека криминалот и немањето на одговорност за застапени како никогаш досега.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економска криза, но и останатите предизвици кои не очекуваат периодов“, рекол партискиот лидер, кој на крајот се заблагодарил и за соработката со амбасадата на Република Хрватска и посочил дека пријателските односи ќе продолжат и понатаму.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце