Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бугарскиот претседател: Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот

(Видео) Бугарскиот претседател: Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот

Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот, порача бугарскиот претседател, Румен Радев, пренесе БГНЕС.

„Луѓето од бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија, Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, изјави Радев.

Според него, секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се направат со историјата, идентитетот и јазикот, или со барање за националните малцинства.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч