Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Вархеји: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, преговори со ЕУ веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и меѓународниот секретар на партијата, Стефан Андоновски, остварија средба со Комесарот на Европската комисија за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.

Како што информираат од опозициската партија, Мицкоски на средбата истакнал дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија.

„Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од било која страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност“, посочил Мицкоски.

На средбата се разговарало и за актуелната политичко-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.

Можете да прочитате

„Глумците пеат“ денеска и утре во МНТ со повеќе од 50 уметници на сцена

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД