Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за пописот: Со недостатоци и слабости, не се гарантира успешна статистичка операција

Мицкоски за пописот: Со недостатоци и слабости, не се гарантира успешна статистичка операција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира досегашното спроведување на пописот, вели дека од оние информации кои што ги добива за голем број на недостатоци и слабости при попишувањето, не се гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција.

„Од она што знам има многу турбуленции, недостатоци и системот паѓа, луѓе ја враќаат опремата, бројката и динамиката која што се спроведува на терен од оној лимитиран број на информации кои што ги добиваме, неофицијални се разбира, не гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција“, рече Мицкоски.

„Но, ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме свој став и јас тој став го кажав јавно, но за жал имаме неспособна институција и неспособна влада. Тоа е проблемот во државата. Затоа проблемите не треба да ги одлагаме, туку веднаш треба хирушки прецизно да ги отстраниме, а тоа ќе се случи уште на овие локални“, вели Мицкоски.

Можете да прочитате

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода