Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за можното повлекување на Заев: Рекол – порекол, неговата борба е само за моќ и функции

Мицкоски за можното повлекување на Заев: Рекол – порекол, неговата борба е само за моќ и функции

Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, мене ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија, треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин“ и ставањето на граѓаните пред свршен чин, и клекнувањето на државата од владеачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел да ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, во врска со изјавата на Заев за негово повлекување.

Мицкоски истакна дека овој изблик на национализам и штитење на национални права од страна на ДУИ и „ол –ин“ политиката со плашење на граѓаните, е само со единствена цел, власта да се задржи за да можат да продолжат заедно ортачки да го пљачкаат народот и државата, а граѓаните треба тоа да го знаат.

Мицкоски посочи дека наспроти ова граѓаните од било кој етникум без разлика на било каква определба секогаш имаат партнер во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што целта на партијата е да ги штити интересите на народот.

Можете да прочитате

Данела до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот