Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во општина Македонски Брод, пред граѓаните истакна дека власта и Зоран Заев за 52 месеца го задолжиле секое семејство за по 4.500 евра, укажувајќи на изјавата на Заев дека ќе ја направи платата 1.000 евра, која спред Мицкоски, е залудна ако трошоците за живот се 2.000 евра.
„Втората работа е да ја пренесам загриженоста од инфлацијата која го јаде животниот стандард. Тоа е голема тема во Европската Унија, а само тука во Македонија Заев сеуште не лаже дека ќе донел 500 евра плата после 5 години власт. Може да каже дека ќе и 1.000 евра плата, но ако 2.000 евра се трошоците за живот, тоа е залудно. Сите цени се креваат на производите драстично се зголемуваат, а додека ова го говорам се поскапува цената на бензинот на светски берзи, ќе престои повторно зголемување на цената на бензинот и нафтата, а со тоа и продуктите во продавниците“, посочи Мицкоски.
Тој вели исто така дека се очекува и зголемување на цената на електричната енергија.
„52 месеци се власт и имаат потрошено 16 милијарди евра народни пари, а ветија раст на економијата од 5% годишно, а успеаја да донесат четири пати помалку само 1,25%. Секое семејство го задолжија за 4.500 евра. Секое семејство во Македонија изминативе 52 месеци плати точно 4.500 евра за да може да трае политичката кариера на Зоран Заев“, рече Мицкоски.