Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски до Техада: Власта нема способност да се справи со здравствената и економската криза

Мицкоски до Техада: Власта нема способност да се справи со здравствената и економската криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет, Стефан Андоновски имаа средба со швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Техада. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата предизвикана од Ковид-19.

„Од страна на претседателот Мицкоски на средбата беше потенцирано дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот. Мицкоски истакна дека покрај тоа владата предводена од СДСМ нема способност ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски укажал и на извештајот на Европската Комисија во кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, се нотирани слабостите, но и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта.

„Беше посочено дека ЕК забележува дека власта не се справува со корупцијата која е навлезена во секоја пора од општеството. Мицкоски нагласи дека во земјава а нарушено владеењето на правото, се злоупотребува европското знаменце како на пример за законот за марихуана, додека криминалот и немањето на одговорност за застапени како никогаш досега. На средбата од страна на Мицкоски беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има идеи и мерки како Македонија да се справи со здравствената и економска криза, но и останатите предизвици кои не очекуваат периодов. Мицкоски додаде дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и конкретни и можат Македонија да ја вратат на вистинскиот пат“, се наведува во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт