Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Доколку Заев не поднесе оставка ќе изгласаме недоверба на Владата

Мицкоски: Доколку Заев не поднесе оставка ќе изгласаме недоверба на Владата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мнозинството што го договоривме вечерва значи дека оваа Влада предводена од СДСМ е минато, рече вечрва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.

„Ја очекуваме оставката од Зоран Заев, која што ја најави. Доколку тоа не се случи ќе поднесеме потапка со која ќе се изгласа недоверба на Владата“, објасни тој.

Според партискиот лидер, мнозинството договорено на вечерашната средба само гарантира дека Владата предовдена од Зоран Заев и СДСМ е минато.

„Очекуваме да ја поднесат оставката, а за сите останати детали ќе биде јавноста благовремено информирана“, посочи Мицкоски кој прашан дали со овој потег се отфрла можноста за предвремени избори, кажа дека сите опции и натаму се во игра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави и прес-конференција во текот на утрешниот ден.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци