Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот

Две третини менуваат Устав. Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за бугарските барања да бидат дел од него, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест.

„Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува ниту една точка“, рече Мицкоски.

Тој испрати порака и до официјална Софија дека со политиката кон Макдонија неповратно ги оддалечува нашите два народи.

„Бугарија треба да се извини за фашистичкото минато што го вршела врз овој народ, а не да ја ретушира историјата“, рече Мицкоски додавајќи дека тоа не се никакви вредности.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт