Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Добивме и официјална потврда дека Заев, Љупче, и останатите од владата си крадат и струја од регионалниот систем

Мицкоски: Добивме и официјална потврда дека Заев, Љупче, и останатите од владата си крадат и струја од регионалниот систем

Настрана оние фалења на власта дека биле најдобри, дека постигнувале извонредни резултати, дека секаде каде што одел Заев црвени килими му постилале. А, вие и јас знаеме нема никаква врска тоа со реалноста, реалноста која што сите ние заеднички ја живееме секој ден. А, кога сме кај реалноста, се поголем број на експерти го потврдуваат она што пред неколку месеци го велев, а тоа е дека не чека тешка енергетска криза и шокови кои може да направат сериозен удар врз економската стабилност на Македонија но и силно нагризување и на и така кревкиот животен стандард на граѓаните“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на митингот во Лисиче.

Мицкоски додаде дека Заев, Љупче – Путерот и останатите од Владата си крадат на тендери, договори во четири очи, крадат и струја од регионалниот систем.

„Добивме и официјална потврда дека покрај тоа што Зоран Заев, Љупче – Путерот, и останатите во владата си поткраднуваат од тендерите, и прават договори во четири очи, и сега крадат и струја од регионалниот систем, повлекувајќи ја онаа која што се наоѓа во околниот систем. А, зошто тоа го прават, тоа го прават затоа што немаме домашно производство. А, зошто немаме домашно производство, затоа што крадат. Тоа е суштината зошто ние денеска се соочуваме пред тешка енергетска криза која што сериозно ќе го нагризе нашиот животен стандард и ќе ја доведе под знак прашање егзистенцијата на граѓаните. Вчера ги слушнавме како велат дека едниот блок во Битола работел, па ќе го вклучеле другиот блок, па излажаа, па доцна во ноќта направија некакви обиди и денеска и двата блока работат како еден бидејќи се на половина снага“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека и отсуството на сериозна стратегија и итен пакет на мерки може да предизвика сето ова однесување на Влада сериозни рестрикции на струјата, тешки загуби на бизнис секторот, но од друга страна цехот ќе го плаќаат граѓаните, затоа што нејзината цена може вртоглаво да расте.

„Не само што се криминални, туку и се неспособни. Таквата неспособност предизвикува скриена но алармантна инфлација што најдобро се гледа кога ќе отидете во продавница, каде се е поскапено“, укажа Мицкоски.

Можете да прочитате

Битолчанец од балкон на Широк Сокак со воздушна пушка пукал во куче скитник

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Мицкоски: Ние водиме позитивна кампања, сакаме да им ја вратиме надежта на граѓаните, затоа што со СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред