Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски: Да се почитуваат правата на вработените

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа за законот за јавно обвинителство
Dik 300x250 mk

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај во која изразува надеж дека работниците ќе го добијат заслуженото вреднување и уважување.

Во честитката, Мицкоски посочува дека денешниот ден е симбол на борбата за работничките права и на изразувањето работничка солидарност, но според него денес голем број граѓани во државата не можат да го остварат едно од нивните основни права – правото на работа, плата и пристоен живот.

-Работничките права се погазени, се обезвреднува и нарушува нивното достоинство. Политиките на владата практично го обезвреднуваат трудот на работникот кој се чувствува незаштитен. Доказ за ова е и последната изјава на министерката за финансии каде всушност рецептот за задржувaњето на бизниси посочи дека е преку отпуштање на работници.Тоа ќе значи десетици илјади нови невработени и десетици илјади семејства во сиромаштија. Никогаш состојбата со работничките права не била полоша. Постојат масовни отпуштања, за сметка на вработувања на некомпетентни партиски кадри на местото на способните, мобинг и заплашување кон работниците кое поминува неказнето. Работникот мора да го добие потребното внимание, вели Мицкоски во честитката.

Ја повикува Владата да ги почитува материјално-социјалните права на вработените утврдени во Уставот, законите и колективните договори и да придонесе за нивно унапредување, користејќи ги механизмите на социјалниот дијалог и колективно преговарање. бт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Боки 13 почна со документарецот: Оваа фотографија од Филипче е направена кај мене дома – Кичеец беше вмешан во многу пострашен криминал

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември во судницата во Идризово

Син на полициски командир во Тетово претепал човек, жртвата со тешки повреди пренесена во Скопје