Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики

На вечерашниот митинг пред Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека промени мора да има и дека процесот ќе заврши со смена на оваа власт.

„Големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики на оваа разуздана, криминална и предавничка власт“, рече Мицкоски.

„И за премиерот кој се смее дека оваа преубава земја била Западна Бугарија! И тој нека знае дека ова парче земја била и ќе остане нашата мајка Македонија.
Народот сака да се избори за својата Македонија, јас сум тука зашто ќе се бориме. Другиот избор е Македонија повеќе да не постои. Секој ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до последниот ден на нашата татковина, или ќе се бориме и ќе победиме или ќе ја нема Македонија. Не има и уште повеќе ќе не гледаат секаде, борба во парлментот, протести на улици, борба во институциите, борва против криминалот, борва да ја вратиме надежта“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Што по митингот, рече Мицкоски дека е прашањето кое му се поставува и дали ќе падне Владата?

„Нема да биде брзо, но сигурен сум дека скоро ќе се случи. На локалните избори ветив борба и таа борба донесе победа. Ви ветувам борба и дека ова ќе биде голем историски триумф на народот против корумпираните политичари“, рече Мицкоски.

Додаде дека состојбата е неподнослива во Македонија. Во овој момент Македонија е рекордер во Европа по криминал, најслаб раст на економијата и најнизок стандард со најголема стапка на инфлација. Можеби кризата е увезена но автентична е неспособноста на кадарот на СДСМ, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу

Се очекува во декември да бидеме најдобри во делот на Реформската агенда и Планот за раст