Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта не се консултира со опозицијата за пакетот мерки

Мицкоски: Власта не се консултира со опозицијата за пакетот мерки

Власта не се консултира со опозицијата, нема капитални инвестиции, нема нови болници, нема нови компјутери, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

„Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, стопанството чека средба. Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери. Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира“, пишува Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Загина лице во сообраќајка во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД 

Анима Мунди бараат напуштањето на кучиња да стане кривично дело