Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Владата го губи политичкиот легитимитет, декласирани се во Скопје

Мицкоски: Владата го губи политичкиот легитимитет, декласирани се во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Заев го губи политичкиот легитимитет и кредибилитет затоа што не ги оправда очекувањата за кои доби доверба од народот, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за српскиот дневен весник „Политика“.

Мицкоски додава дека власта е изборно декласирана во градот Скопје, но и други големи градови во државата, а како што вели, онаму каде што сега има втор круг, ВМРО-ДПМНЕ влегува како апсолутен фаворит.

„Овие локални избори потврдија дека народот им се спротивставува на политичарите што немаат слух за неговите барања, но и фактот дека завршува времето на лагите и непринципиелноста во политиката. Загубениот кредибилитет преку локалните избори очекувам да се преслика и на парламентарната власт, односно многу бргу тие промени ќе продолжат и на централно ниво“, појасни Мицкоски.

Можете да прочитате

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години