Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Болката на луѓето поради лошиот живот е и моја болка

Мицкоски: Болката на луѓето поради лошиот живот е и моја болка
Img 7972

Стојам тука исправено и спокојно и јас Христијан Мицкоски, сум подготвен да ја платам секоја цена за слободата и за новата заедничка иднина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на централниот митинг во Скопје.

Мицкоски рече дека ќе ја плати секоја цена за остварување на сонот кој, како што кажа, го сонуваат сите граѓани во Македонија.

„Од мене ќе видите подадена рака за соработка, затоа што ние сме многу малку во оваа земја. И не само што е жалосно да сме поделени и раскарани по разни основи, туку е и катастрофално штетно за иднината на државата. Иднина која мора заедно да ја создадеме. Ви должам вам, на народот на Македонија и јас таа ваша доверба никогаш нема да ја изневерам“, истакна Мицкоски.

Партискиот лидер посочи дека покрај борбата на индивидуализмот, постои едно нешто кое е многу важно за нас како држава, а тоа е дека сите граѓани меѓу себе се поврзани.

„Судбината на мојот сосед чие дете има проблеми и не може да се лечи заради проблеми во системот, е и моја судбина. Судбината на учителот во Битола кој има ниски примања и не може да си го издржува семејството е и моја судбина, иако јас не го познавам него. Нашите судбини се испреплетени. Тоа мора да го разбереме сите. Болката на другите е и моја болка. Болката на луѓето кои загубија блиски во тетовската болница е и моја болка.

Болката за ниските плати и разочарувањата кај луѓето кои ќе отидат во продавница со празен паричник е и мое разочарување. Ако има пензионер кој не може да си ги плати лековите заради малата пензија и треба да одбере дали да купи подарок на внучето или лекови за себе, тоа е моја болка и мој проблем, без разлика што тоа не се мои дедо и баба. Вашата битка е и моја битка“, појасни Мицкоски.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник