Утрински Весник
Македонија

Заев: Подмолен чин е државјанин на странска земја да биде кандидат за градоначалник на Скопје

Заев: Подмолен чин е државјанин на странска земја да биде кандидат за градоначалник на Скопје

Осврнувајќи се на понудата за вториот круг в недела, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на Карпош посочи дека евидентна е разликата помеѓу Душко Вескоски и Петре Шилегов кои нудат напред наспроти, како што кажа, Стевче Јакимовски и Данела Арсовска кои сакаат назад во режимот.

„Навистина е најподмолен и најнаместен чин, државјанин на странска земја, за време на спорот со Бугарија да биде кандидат за градоначалник на Скопје. Ние сме за едно општество за сите и немаме предрасуди за ниту една етничка припадност, во таа смисла сме авангарда. Но, да лажеш, да манипулираш, со скриени намери и да продолжиш да лажеш, тоа е бесрамно. Тоа е понижување на нашиот народ. Затоа од овде ја повикувам Даниела, не Данела, да си даде оставка и да се повлече од кампањата затоа што ова е понижување и врз Скопје и врз целиот наш народ“, нагласи Заев.

Тој во Карпош упати порака до сите генерации, младите, средните и постарите.

„Не може младите да му веруваат на 61-годишниот Стевчо Јакимовски со сите колекции на партиски книшки во него, наместо на 36-годишниот Душко. Овде имаме одличен избор, затоа вреди да се бориме, за тоа ги имаме сите аргументи на свет. Да излеземе масовно во недела и да даде поддршка за бројот 12“, повика лидерот на СДСМ.

Можете да прочитате

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа

Aqua Park Пробиштип ја отвори јубилејната 15 сезона

ВЛЕН: Нудиме 10 илјади нови можности за вработување и иднина во татковината