Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Барам од македонската нација да се обедини, есперанто политичари не смее да одлучуваат за идентитетот

Мицкоски: Барам од македонската нација да се обедини, есперанто политичари не смее да одлучуваат за идентитетот

Зоран Заев денеска јасно и децидно кажа дека е потребен нов Анекс на договорот со Бугарија во кој што ќе бидат вклучени максималистичките и неевропски барања кои што беа содржани во меморандумот кој го изгласа Бугарскиот парламент есента минатата година, посочи вечерва во вонредно обраќање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Предупредував и дека висок бугарски политичар за време на сесиите кои што ги имаме во Брисел на Европската Народна Партија ми гарантираше дека сето ова кое што е дел од меморандумот на бугарската влада и буграскиот парламент е всушност ветување кое што тогаш го дал Зоран Заев како опозиционен политичар, велејќи дека само да стане премиер и сите недоразбирања ќе бидат решени“, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од македонскта нација побара обединување по однос на овој проблем.

„Со идентитетските прашања, со нашата историја, со историските факти, со нашите корени како народ, како држава која што го бараше своето место под сонцето, овде во срцето на Балканот, во Европа, за корените на македонскиот јазик нема преговарање“, нагласи Мицкоски додавајќи дека овие вредбист се непобитен факт.

Тој исто така порача дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги почитува и да ги земе предвид сите неевропски ултиматуми кои ќе ги прифатат како што рече, актуелните егзибиционисти и есперанто политичари на власт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа