Утрински Весник
Македонија

Мицковски: Разумно е да седнеме како политичари и да се договориме

Мицковски предлага предметите до 30 јуни 2017 година да ги преземе државниот јавен обвинител

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски смета дека одбивањето на СДСМ за лидерска средба е „незрело“ бидејќи државата се наоѓа во кризна состојба и треба да се договорат за најважните прашања.

Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш на телевизија „Алфа“, Мицковски рече дека е разумно да седнат како политичари и да се договорат по што ќе излезат со заедничка одлука пред граѓаните.

– Треба да се договориме за најважните прашања. Многу е важно и треба да се излезе со став пред граѓаните, рече Мицкоски.

Апелираше до четворицата именувани функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Владата доколку сакаат, да ја донираат платата во купување на санитетски материјал и медицински заштитни средства за здравствените установи.

Мицковски се осврна и на полициската акција во Струмица за која праша зошто ако се било чисто и не бил направен никаков прекршок, еден член од семејството Заеви се однесувал насилно во полициската станица во Струмица. бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК