Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Прв случај на заболен до Ковид-19 во Крива Паланка, граѓаните да не создаваат паника, туку да ги почитуваат препораките

Утврден приоритет на три проекти за водовод и канализација во Крива Паланка

Крива Паланка, 30 март 2020, (МИА) – Првиот официјално потврден пациент со Ковид -19, жител на Крива Паланка, е машко лице на возраст од 76 години, а дијагностициран е во текот на денешниот ден, за време на неговиот престој во државниот завод за рехабилитација „Козле“ во Скопје, информира градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на прес-конференција за медиумите,

Мицевски порача граѓаните да не создаваат паника, туку доследно да ги почитуваат сите мерки и препораки до Владата и Министерството за здравство, бидејќи само така ќе бидеме сигурни дека вирусот нема да се рашири.

-Во текот на денешниот ден добив информација дека го имаме првиот случај на заразен со Ковид-19, но сакам да упатм апел и смирувачки тон по однос на овој прв случај. Според моите информации, лицето е на возраст од 76 години и првпат заминал во „Козле“ на 9 март 2020 и таму престојува се до денес, кога му е дијагностициран и вирусот. Таму престојувал на болничка терапија и третман и во текот на престојот во заводот за рехабилитација му се јавиле симптомите, кои се претпоставува дека ги добил во тек на престојто на лекување. Од неофицијални информации, лицето оттаму веќе треба да е префрлено на клиниката за инфективни болести, информира Мицевски.

Истакна и дека во текот на денот општинскито кризен штаб стапил во контакт и со најблискиот круг на семејството, од каде истакнале дека во изминатиот период  од неговиот престој во „Козле“, 9 март, досега, никој, ниту од неговото семејство, ниту останати блиски оствариле каков било контакт со сега заболениот.

–Простор за паника нема, но во секој случај, ние како служби, но и вие како граѓани и сите поединци, треба да останеме во целосна мобилност по однос на превенција и заштита од Ковид-19, додаде Мицевски.

Општина Крива Паланка, информира градоначалникот, во соработка со ОО на Црвен крст и останатите служби, во изминатито период ги превземаа сите неопходни мерки за справување со вирусот. ид/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија