Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за пратенички прашања

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за пратенички прашања
Img 7972

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за поставување на пратенички прашања, реагираше денеска координаторот Никола Мицевски.

„Откако Владата во оставка избега од седницата за поставување на пратенички прашања со образложение дека Владата е во оставка, пратенички прашања не можеше да се постават ниту на носители на јавни функции кои се бирани од Собранието. Со откажувањето на седницата за пратенички прашања, се оневозможи да поставиме пратенички прашања дури и на именувани функционери кои што и покрај оставката на Владата остануваат на своите функции“, рече Мицевски.

Во Собранието на Република Македонија, посочи тој, имаме заменици министри кои иако се во оставка, се присутни на седница како подносители на законски решенија.

Ова, смета тој, се двојни стандарди, се со цел да се заштитат Зоран Заев и министрите и да не дадат одговори за низа на скандали, афери и штетни политики од кои избегаа откако беше откажана договорената седница за пратенички прашања која требаше да се одржи минатиот четврток.

Затоа, информираше Мицевски, поднеле барање да се одржи седница за пратенички прашања и носителите на именувани функции, како што побара, да дојдат и да дадат одговори на пратениците и граѓаните.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?