Утрински Весник
Македонија

Михаел Рот денеска во „виртуелна посета“ на Скопје

Михаел Рот денеска во „виртуелна посета“ на Скопје

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот денеска ќе има „виртуелна работна посета“ на Република Северна Македонија и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, работната посета првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори. Со оглед на глобалните состојби поврзани со пандемијата на COVID-19, предвидено e таа да се реализира на дигитален начин, односно со воспоставување видео-конференциска врска, што, како што се посочува, претставува уште еден знак на силната германска поддршка и пријателство.

Притоа, како што се посочува, во фокус на разговорот се очекува да бидат, покрај начините за справување со предизвиците наметнати од пандемијата, размена на информации за последниот статус на дискусиите и подготовката на заклучоците за процесот на проширување на ЕУ во пресрет на Советот на ЕУ за општи работи, засега предвиден за 24 март. вг/са/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

Потпишан е Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции

Заврши јубилејното 15. издание на Баскерфест – фестивал кој повторно ја оживеа уличната сцена низ Македонија