Утрински Весник
Спорт

Митревски со трета најдобра одбрана на колото во Евро-квалификациите

Митревски со трета најдобра одбрана на колото во Евро-квалификациите

Голманот на Порто, македонскиот ракометен репрезентативец Николче Митревски ја има една од петте најдобри одбрани ова коло, според изборот на ЕХФ.

Митревски беше еден од најзаслужните за големиот триумф на Македонија против светскиот шампион Данска во Скопје (33-29) во Евро-квалификациите, па изборот во Топ 5 претставува награда за одличната партија против Хансен и другарите.

Митревски на мечот во „Борис Трајковски“ собра 13 одбрани, а една од нив е трета најдобра во ова коло:

> Митревски со трета најдобра одбрана на колото во Евро-квалификациите <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026