Утрински Весник
Спорт

Митревски доби негативен ПЦР тест – Ќе и се приклучи на репрезентацијата во Деберцин

Митревски доби негативен ПЦР тест – Ќе и се приклучи на репрезентацијата во Деберцин

Никола Митревски, најдобриот голман во португалскиот шампионат, наскоро би можел да и се приклучи на репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Митревски, беше позитивен на тестирањето на 10.јануари. Поради позитивниот тест, тој остана во Скопје. Во изминатите два дена, Митревски, направил три антигенски и еден ПЦР тест, резултатите од тестовите биле негативни.

За да ис се приклучи на репрезентацијата во Деберецин, Митревски треба да добие уште еден негативен ПЦР тест. Потоа ќе и се приклучи на репрезентацијата во Дебрецин.

Сепак, според протоколите на Европската ракометна федерација (ЕХФ), тој ќе ги пропушти првите два натпревари, вечерашниот против Словенија и за два дена против Црна Гора.

Митревски би можел да застане на голот на последните меч со Данска, на 17.јануари.

> Митревски доби негативен ПЦР тест – Ќе и се приклучи на репрезентацијата во Деберцин <

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале