Утрински Весник
Култура

Митко Бојаџиски во конкуренција за најдобра драма во Бугарија

Митко Бојаџиски во конкуренција за најдобра драма во Бугарија

Струмичкиот драмски писател Митко Бојаџиски со неговата пиеса „Со човечко лице“ влезе во најтесниот избор за најдобра драма објавен од Нов Бугарски Универзитет во Софија, Бугарија на тема „Слобода“.

Од вкупно 62 пристигнати ракописи на овој меѓународен конкурс, пиесата „Со човечко лице“ на Митко Бојаџиски се најде во најтесниот избор, а авторите кои се избрани ќе бидат дел од книжевната лабораторија која годинава во текот на месец февруари ќе се реализира под водство на познатиот писател Георги Господинов. После оваа активност во која авторите ќе можат да работат на нивните дела ќе биде прогласен победникот, а неговата драма ќе биде поставена на театарската сцена во Бугарија.

Преводот на драмата на бугарски јазик го направи Митко Гогов, а лексичкото уредување Петар Чухов. Академското жири на конкурсот со претседател проф. Виолета Дечева и членовите: гл. ас. д-р Владимир Маринов, гл. ас. д-р Георги Гочев, проф. Михаил Неделчев, проф. Пламен Дојнов, проф. д-р Светла Христова и доц. Снежина Петрова во оваа фаза на селекција избраа седум ракописи.

Резултатите ќе бидат објавени со почетокот на пролетниот семестар на Нов Бугарски Универзитет на 1 март, оваа година.

Текстот Митко Бојаџиски во конкуренција за најдобра драма во Бугарија е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“