Утрински Весник
Свет

Мистериозниот објект што кружи околу земјата не е астериод, туку ракета стара 54 години

Мистериозниот објект што кружи околу земјата не е астериод, туку ракета стара 54 години

Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денес астрономите на НАСА.

Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА од во Калифорнија.

Кога бил откриен во септември, се верувало дека објектот е астероид, но еден од главните експерти на НАСА, Пол Ходас, брзо се посомневал дека станува збор за ракета „Кентаур“ од мисијата „Сарвејор 2“, која беше прогласена за неуспешна во 1966 година, откако не успеа да слета на Месечината.

Кентаурот е долг десет метри и има дијаметар од три метри, објави АП.

Тврдењето на Ходас се покажа како точно кога тим од Универзитетот во Аризона, предводен од Вишну Реди, користеше инфрацрвен телескоп од Хаваи за да го разгледа мистериозниот предмет.

Кентаурот орбитира околу 50.000 километри од земјата. Ќе ја напушти орбитата во март и ќе се врати да кружи околу Снцето, а неговото следно враќање се предвидува во 2036 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд