Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Корупцијата е полоша отколку во земји како Танзанија и Буркина Фасо, Владата мора да падне

Мисајловски: Ги победивме и покрај поткупот и репресиите

Македонија има најголем пад и е на историски најдолното место на најновата листа на меѓународниот „Транспаренси Интернешенал“ или Македонија во 2020 има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, рече денеска на прес-конференција во Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој подвлече дека на листата на „Транспаренси Интернешенал“, Македонија е на 111 место, додавајќи дека тоа е убедливо најлошо до сега.

„Ова е пад од цели 45 места за Македонија на листата во годините водена од Заев. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63-то место“, посочи претаникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ова е резултат на, како што рече, четири години апсолутистичка власт и на централно и на локалнo ниво, со судство и обвинителство во скутот.

„За ова мора да се сноси одговорност. Замислите, најкриминалната власт има и министер за борба против корупција. И не е доволно негова оставка или само оставка на министерот за правда. Владата мора да падне! Целата влада мора да си поднесе оставка!“, истакна Мисајловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не верувам дека се заобиколени процедурите за постапување во случајот со мозочните ткива

,,Моето дете е во гроб” – емотивни сцени и прекин на судењето за пожарот во ,,Пулс”

Реформска агенда и европскиот пат: Владата го презентираше напредокот пред ЕУ амбасадорите