Скопје, 13 мај 2020
Здравјето на граѓаните е несомнено пред се, избори ќе има кога ќе има идеални услови, а политичките елити мора трезвено да размислуваат и да донесуваат одлуки кои нема да бидат на штета на граѓаните, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа Телевизија.
Мисајловски истакна дека Република Македонија се наоѓа во една незавидна ситуација поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот и дека во моментов е најважно здравјето на граѓаните, здравствените лица и на сите оние кои што се во првите редови во борбата со Ковид-19.
Во одно на денешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски, Мисајловски потенцираше дека најголем дел од лидерите разумно пристапија на денешната лидерска средба и не сакаа по секоја цена да се одржат избори доколку тоа лошо се одрази на граѓаните.
„Не е човечки животите на граѓаните да се стават во втор план. Ние како ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да поддржиме и децидно стоиме зад ставот кој денеска го искажа и претседателот Мицкоски”, вели Мисајловски.
Тој додаде дека Заев инсистира на брзи избори затоа што како и секогаш воопшто не се грижи за македонските граѓани и нивното здравје.
„ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која постои за граѓаните и работи за граѓаните. Ако на Зоран Заев не му е важно здравјето на граѓаните и ако изборите се поважни од граѓаните во моментов, нека му служи на чест. ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема да се согласи и ќе биде за организирање на изборите тогаш кога ќе има идеални услови за нивно одржување, без при тоа граѓаните да бидат оштетени на било каков начи, вели Мисајловски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.