Минхен, 15 април 2020 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Баерн, Мирослав Клосе, се согласи да ја преземе функцијата помошник тренер на тимот од Минхен, објави Билд.
Според изворот, 41-годишниот Клосе, кој сега е тренер на младинската екипа на Баварците, се согласи да се приклучи на тренерскиот штаб на главниот тим ова лето. Веќе е договорен неговиот ангажман и останува само да се добие одобрение од спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ.
Мирослав Клосе (41) ја заврши кариерата во 2016 година. Како дел од Баварија, тој двапати ги освои Германското првенство и Купот на земјата. Клосе ќе му помага на првиот тренер Ханс-Дитер Флик. зс/