Утрински Весник
Спорт

Миркуловски: Чесите се поквалитетни од Романија, шансите се 50-50

Миркуловски: Чесите се поквалитетни од Романија, шансите се 50-50

Искусниот македонски ракометар Филип Миркуловски вели дека Чешка е поквалитетна селекција од Романија и нашиот национален тим ќе има тешка задача во претстојниот бараж за пласман на Светското првенство.

„Чешка е поквалитетна селекција од Романија која ја минавме релативно лесно иако не очекувавме дека ќе биде така. Чесите ни се добро познати, сме се среќавале со нив многу пати во квалификации. Мислам дека шансите се 50-50, а можеби наша мала предност е што вториот натпревар го играме на домашен терен“, изјави Миркуловски.

Македонската ракометна репрезентација денеска патува за Чешка, каде утре во Злин ќе го игра првиот меч од баражот за пласман на мундијалот во 2023 година.

> Миркуловски: Чесите се поквалитетни од Романија, шансите се 50-50 <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина