Утрински Весник
Македонија

МИОА со насоки за обезбедување дневни дозволи за работа по 21 часот

МИОА: Со мерките во планот за широкопојасен интернет до побрз интернет

 23 март 2020

МИОА обезбедува дневни дозволи за работа после 21 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари/бурегџилици

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здраствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk .

Податоците потребно е да ги достават секој ден-недела најдоцна до 12.00 часот, за наредната работна седмица. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk .

Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

За вработените во здраствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме,ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:

– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денес (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден недела најдоцна до 12 часот, за наредната работна седмица.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум во период на ноќна работа (периодот меѓу 21,00 часот и 6,00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:

– тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,

– фотографија од објектот во кој се врши дејноста,

– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Образецот на табелата во прилог на ова известување, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk .

За погребалните правни лица се потребни следните информации:

– име и презиме, матичен број, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денес (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден недела најдоцна до 12 часот, за наредната работната седмица.

Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk

Министерство за информатичко општество и администрација 

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер