Утрински Весник
Македонија

Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мини Шенген не е алтернатива за ЕУ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на мини-шенгенот истакна дека алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои.

„Алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои. Секоја регионална иницијатива е добредојдена но тоа не смее да биде алтернатива. Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори. Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година следна таква можност е самитот кој што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема“, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

Приведени девет возачи, осум возеле без дозвола, од кои двајца малолетници, а еден со активна забрана

Одземен и однесен на вонреден технички преглед автобус кој превезувал ученици од екскурзија

Пријавени пет случаи на семејно насилство во последното деноноќие